Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.А.(29), Ш.A.(35), Е.К.(21), сите од Радовиш и против Н.Б.(20) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, информира МВР.
На 02.03.2019 на планина Плачковица, на место викано „Влизина“, на патот за Иланица, вработени во шумска полиција ги затекнале пријавените при бесправна сеча на шума, при што било утврдено дека бесправно исекле 71 дабови стебла.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.