еМагазин
Image default
Македонија

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Мухамед Красниќи, познат и како командант Малишева на својот Фејсбук профил тврди дека знае кој стои зад нападот на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристевски во затворот Скопје во Шуто Оризари.

„Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица… и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме, бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот„, пишува Красниќи.

Инаку, Красниќи е еден од лидерите на т.н. кумановска група, која стои зад настаните во Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени.

Фото: Фејсбук/Красниќи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „експлодира“ за затворскиот инцидент со ексминистрите Јанакиески и Ристовски

По „тепањето“ на Јанакиески и Ристовски: Организирана политичка пресметка или исцениран случај?

ГОБ „8-ми Септември“: Кај Миле Јанакиески не се констатирани никакви телесни повреди

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седум лица биле на возраст од 30 до 59 години: За една недела 57 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Османи во посета на Брисел, најавена средба и со неговиот бугарски колега Стоев

Редакција

Мене нема да ме чуете како папагал да ја повторувам придавката, вели Мицкоски за новата закана на Мицотакис

Редакција