еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ги урна ли Макрон сите надежи за преговори во октомври?

По вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе блокира секакво проширување на Европската унија (ЕУ), откако земјите членки не успеаа да се договорат за именување кадар за раководните функции во европската администрација се чини дека нашата земја можеби ќе извиси и нема да добие датум за почеток на преговори ниту во октомври.

Со оглед на тоа што октомври е премногу блиску за да има сериозни промени во функционирањето на ЕУ, што подолго време го бара Франција станува извесно дека нашата земја, не по своја вина ќе треба да почека ЕУ прво да ги среди сопствените редови пред да одобри проширување.

Досегашните искуства покажуваат дека европската администрација е тромава при носењето на реформи. Меѓу главните причини за бавноста на ЕУ се различните интереси на земјите членки, но и механизмите за носење одлуки. Со други зборови ЕУ се задушува во административни бариери.

Од друга страна, песимистичките изјави на министерот за надворешни работи Никола Димитров дека доколку нема датум годинава тоа ќе значи дека нашата земја нема веќе европска перспектива го отвораат прашањето дали домашните владејачки структури веќе се свесни дека ЕУ повторно ќе ни го сврти грбот.

Ако се земе предвид дека премиерот Зоран Заев ја смени реториката и при реконструкцијата на Владата најави „економска година“ наместо „година на евроинтеграции“ станува јасно дека сега тој во улога на раководител на министерството за финансии ќе гледа со зголемување на платите и реализација на капиталните инвестиции да го ублажи поразот и негативниот ефект од евентуалното недобивање датум за преговори.

Сепак, не треба да се заборави дека актуелната Влада го смени името на државата за да го забрза процесот на зачленување во ЕУ, а тоа не го оствари за што секако ќе има политички последици на следните избори.

Се чини дека Македонија ќе треба да се задоволи со зачленување во НАТО, освен ако и во тој процес не избие некој куршлуз, а дека за ЕУ ќе треба да почекаме уште „некоја година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни порача ли Макрон од Самитот на ЕУ, дека за Македонија нема датум ни во октомври?

Mеркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Францускиот претседател Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Прекинат Самитот на ЕУ, лидерите неможат да се договорат кој ќе ја води Унијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП распродава запленети телевизори, монитори, штампачи по багателни цени

Редакција

(Видео/фото) Фламингата кои беа во карантин во Зоолошка добија ново живеалиште, наскоро доаѓаат и пингвини

Редакција

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Редакција