еМагазин
Image default
Македонија

Гласање во дијаспората ќе има само ако се пријават над 6.700 избирачи

Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

-Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората, појасни претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Средствата кои се предвидени за оваа намена, рече, ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората.

На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните преку буџетот ќе платат 400 милиони денари за медиумската изборна кампања на партиите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДОМ не го поддржува францускиот предлог, одлучи Централниот одбор на партијата

Редакција

Убава вест: 91 оздравени од Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за предвремени парламентарн избори, оставка на Заев и формирање техничка влада

Редакција