еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Гласајте: Кои се Eвропејци на годината на предлог на Делегацијата на ЕУ во Македонија

Делегацијата на ЕУ во Македонија избира Европејци на годината. Тие номинираа петмина кандидати за кои сметаат дека оставиле печат со својата работа и се одлика на европските вредности.

Еве ги номинираните

– Creative Hub – Аријана и Бојан Коскарови е фамилијарното дуо зад Creative Hub кое Forbes неодамна го објави на листата на најдобри 30 претприемачи во Европа помлади од 30 години

– Honeyland – Тамара Котевска и Љубо Стефанов,се режисерите на овој филм кој се снимаше три години за на крајот да понуди исклучителна приказна и пренесе порака за вистинското место на човештвото во редот на природата.

– Дритон Вејсели, е познат како Талат – ликот на рецепционерот од популарната ТВ серија „Преспав“.

– Џамбо Агушев, потекнува од семејство со долга и значајна музичка традиција и го сметаат за крал на трубата и музички амбасадор на државата во светот.

Граѓанска иницијатива „Не биди ѓубре“ која се грижи и ја чисти животната средина и им ја врши работата на надлежните институции.

Можете да гласате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен: „Им ја должиме вистината на граѓаните, кризата ќе биде долга и тешка“

Редакција

Мицотакис: Западен Балкан во ЕУ до 2033 година, првиот чекор да биде одлука за две седмици за Македонија и Албанија

Редакција

„Еурактив“: Берлинскиот ѕид допрва треба да падне за Скопје

Редакција