еМагазин
Image default
Локално

Го изрешетале во „Мерцедес“: Тешко повредено 22-годишно момче од скопско

На 24.09.2018 година во 00,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ј.Б.(22) од с.Љуботен-скопско со повредa од огнено оружје, информира МВР.

Имено Ј.Б. додека со возило „Мерцедес“ се движел по улицата “Алија Авдовиќ“ од страна на непознати лица било пукано кон возилото, при што истиот се здобил со прострелна рана во пределот на градниот кош. Повредениот со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата од градскиот водовод во Струга забранета за пиење

Редакција

Го нападнал со секира во Катланово

Редакција

Четири лица исчезнале на Кожуф, за среќа пронајдени живи и здрави

Редакција