еМагазин
Image default
Локално

Го нападнал со секира во Катланово

На 14.05.2019 година околу 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира, информира МВР.

Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот.

После тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телата на трите члена од семејството од Косово, пронајдени во Лепенец

Редакција

Полицаец во хотел ги попречувал „Алфите“ да легитимираат и да претресуваат негови пријатели

Редакција

Ставен под контрола пожарот кај Неготино

Редакција