еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Го знаете овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој не се „бави“ со граѓаните, месечно го плаќаме 72.621 денари нето, покажа алатката за отчетност на Влада.

Ако не се „бави“ со нас, зошто тогаш да го плаќаме? Ако не се бави со загадувањето, зошто е тогаш министер? Со што се „бави“? Министер е за да ДУИ бидат задоволни? Што имаме ние граѓаните од тоа? Ништо.

Додека цела земја се гуши од загадувањето, а посебно граѓаните на Скопје и Тетово, „типот“ за кој ретко кој знае во државата дека е министер, и кој секако е најодговорен за сериозниот проблем со загадувањето, „мртов ладен“ вели дека не се „бави“ со граѓаните и ако тие сакат да тужат, нека тужат.

За дел од мерачите за загадувањето, кои не работат вели ние не сме биле Швајцарија. А зошто да не сме Швајцарија? Треба да останеме дупка во која ќе се загушиме?

Во Македонија за жал некои работи никако да се променат и вистинските луѓе да се постават на вакви одговорни позиции.

Дураки е школски пример за тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Министерот кој не одржал ниту една прес-конференција за загадувањето и јавно призна дека не се „бави“ со граѓаните

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Фото: Фејсбук/Садула Дураки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родилка од Делчево почина на КАРИЛ, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Редакција

Блокирана улицата „11 Октомври” пред Собранието

Редакција

Бугарија ги објави правилата за летување: Се препорачува клима уредите да се заменат со вентилатори

Редакција