еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Година во која Македонија загуби великани: Си заминаа Стефановски, Грозданов, Георгиевски, Петрушевски, Џундева…

Македонија, а посебно македонскиот театар загуби многу големи имиња во годинава што изминува.

Десетици генерации македонски граѓани израснаа, се едуцираа и имаа можност да почувствуваат што е култура во вистинска смисла на зборот преку култните драми на Горан Стефановски, режисерските изведби на Љубиша Георгиевски и уникатните игри на актерите Мите Грозданов, Ванчо Петрушевски , Љупка Џундева и Салаетин Билал.

За тагата да биде поголема некои од нив си заминаа пред да ги прегазат годините.

Станува збор за луѓе кои несомнено ќе останат запаметени како личности кои со својата професионална работа и искрен ангажман значително придонеле за културно воздигнување на македонската нација и за тоа треба да им бидеме вечно благодарни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре во Србија трета доза вакцина: Се препорачува за лица со намален имунитет, здравствени работници и патниците во меѓународниот сообраќај

Редакција

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција

Ќерката на Чавков: Ќе си лежи оној што ја измисли вилата на Халкидики

Редакција