еМагазин
Image default
Бизнис

Годинава нема извоз на мед поради намаленото производство

Вкупно 16 производители од повеќе градови низ Македонија учествуваат на 18. Денови на мед во Куманово. Манифестацијата се одржува на градскиот плоштад, а ја организира здружението „Пчела“ – Куманово.

Според претседателот на здружението, Часлав Ристовски, на саемот може да се купат мед, матичен млеч, восок, прополис, полен по саемски цени.

– Медот се продава по 400 денари за килограм, а квалитетот е одличен, 300 денари чини грам матичен млеч, а раствор од прополис е 100 денари. Се нуди и сертифициран органски мед по комерцијална цена од 500 денари, изјави Ристовски. Рече дека г одинава производството е нешто послабо од лани поради климатските услови во екот на пчелната паша.

Пчеларите што учествуваат на манифестацијата истакнуваат дека годинава нема да има извоз поради ниските приноси, но ќе се задоволат потребите на локалниот пазар.

Во Куманово има околу 150 пчелари, а во здружението членови се скоро 60.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радијата Антена 5, Канал 77 и Метрополис лани работеле со добивка, Јон со загуба

Редакција

„Паркинзи на Општина Центар“ вработува три лица, плата до 27.283 денари

Редакција

Константин Илијчов Арнаудов избран за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

Редакција