еМагазин
Image default
Бизнис

Голем интерес за обврзницата на ТТК Банка: Обезбеден капитал од 1,5 милиони евра

ТТК Банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека на ден 11.2.2020 година заврши втората емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда.

„Во проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност, издавачот ТТК Банка АД Скопје предвиде процент на запишани и платени хартии од вредност од 60% за да јавната понуда се смета за успешно завршена.

Заклучно со 11.2.2020 година, од понудените 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија, продадени се вкупно 1.500 долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница од втора емисија, во вкупен износ од 1.500.000 евра, односно 92.477.396 денари по среден курс на НБРСМ на денот на уплатата со што процентот на реализација на јавната понуда изнесува 100%.

Со ова, а врз основа на член 23 став 3 од Законот за хартии од вредност може да се смета дека процентот на успешност на јавната понуда на хартии од вредност е постигнат, заради што ТТК Банка АД Скопје одлучи да ја затвори јавната понуда на хартии од вредност“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТТК Банка лани со добивка од 1,7 милиони евра

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мазутот поскапува, цената на другите горива останува иста

Редакција

За оштетените граѓани од „Еуростандард банка“ ќе се бара решение преку институционален пат

Редакција

На берзата продаден блок акции од НЛБ Банка за 680.000 евра

Редакција