еМагазин
Image default
Локално

Голем пожар во струшко: Изгореа куќа и четири плевни

На 20.03.2019 во Полициската станица Струга било пријавено дека настанал пожар на нива лоцирана во близина на струшкото село Мороишта, при што опожарени биле четири плевни и една куќа, информира МВР.

Во пожарот целосно изгореле над 10.000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови и друго. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга. На 21.03.2019, на местото на пожарот, извршен е увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ја тепал пред кафана во Лисиче

Редакција

Тешка сообраќајна несреќа кај гостиварско Форино, едно лице загина

Редакција

Продолжуваат подлите измами со огревно дрво

Редакција