еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Вкупниот број на заболени лица со коронавирусот во Македонија продолжува да расте, а во секојдневен пораст е и бројот на заболени здравствени работници.

“Регистрирани се 52 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 34 се заболени во болнички/амбулантски услови“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

Пред неколку дена овој број беше 41.

Вчера беше соопштено дека со вирусот се заразиле 11 здравствени лица од болницата во Куманово, но и медицински техничар од Инфективната клиника во Скопје, каде се сместени пациентите заболени со коронавирусот.

Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Сите детали: Најголем број од новозаболените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 50-59 години

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Елизабета Георгиевска, сопругата на претседателот Пендаровски елегантна на отворањето на новата сезона на Филхармонија

Редакција

Бугарскиот универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ отвара катедри во Свети Николе, наставата ќе биде на англиски

Редакција

Куновска за „штедливото“ тргање на оградата: Со парите од советниците може цела Влада да се упристои

Редакција