еМагазин
Image default
Локално

Голем шумски пожар близу РЕК „Осломеј“ во Кичево

Голем шумски пожар, што гори од синоќа, се уште е активен во северниот регион на општина Кичево, во близина на РЕК „Осломеј” до селото Жубрино.

Гори нискостебласта шума, а на терен активни се локалниот центар за справување со кризи и противпожарните екипи, а ангажирани се и припадниците на дирекцијата за заштита и спасување, шумскато стопанство “Лопушник” како и локалното население .

Селото Жубрино, кое се наоѓа во близина на пожарот, засега се уште не е во опасност од овој пожар.

Директорот на шумскато стопанство “Лопушник” Зоран Крстевски, информира дека, покрај пожарот до село Жубрино, активен е уште еден пожарот до селото Вранештица, во јужниот дел од општината. Двата пожари, посочува Крстевски, се активни, но се ставени под контрола.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повреден полицаец и сопатник во судар меѓу возило на МВР и „форд транзит“

Редакција

Четворица жители на Радовиш опустошиле шума

Редакција

Со хеликоптер на МВР го пренеле во клинички центар по пад на планината Кожуф

Редакција