еМагазин
Image default
Бизнис

Голем скок: Просечната нето плата во јануари 27.540 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 27.540 денари и во однос на истиот месец лани бележи раст од 12,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7 проценти), Уметност, забава и рекреација (18,1 процент) и Транспорт и складирање (16,4  проценти).

Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен во јануари годинава споредено со декември лани е регистрирано, исто така, во Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,6 проценти), Транспорт и складирање (12,9 проценти), како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (9 проценти).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Награда од 540 илјади денари за Борислав Трповски за неговиот ангажман во Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Раст на каматните стапки на депозитите и кредитите во февруари

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на струја

Редакција