еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбил, Австрија“

НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен добитник ќе го однесе на ски-трките во Кицбил, а на 52 лица ќе им донесе велосипед или електричен тротинет.

Наградната игра се однесува на сите нови и постоечки корисници на НЛБ happy картичките кои во периодот до 30 декември ќе направат барем една безготовинска трансакција на износ од најмалку 500 МКД.

На среќните добитници, за времетраење на наградната игра, секој ден, во периодот што следува, ќе им биде доделен по еден градски велосипед, а еднаш неделно, по еден електричен тротинет.

Главното извлекување ќе биде на 31 декември, кога НЛБ Банка и Mastercard на најсреќниот добитник ќе му подарат единствено зимско доживување за двајца во еден од најпознатите скијачки центри Кицбил, Австрија. Патувањето ќе биде организирано во период од од 20 до 25 јануари 2020 година за времетраење на најпознатите ски-трки во Кицбул со ексклузивна можност за следење од ВИП ложата.

НЛБ haPPy картичката e кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercard која на клиентите им нуди загарантиран поврат на средства (кешбек) со секое купување во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата.

Повеќе информации за наградната игра можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефонскиот број 02/15-600 или на следниот линк.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпрогрес“ донираше производи за децата од СОС Детско Село

Никола Осило

Министерство за одбрана прмовираше Водич за заштита од вознемирување на работното место 

Редакција

Сандра Цветкова снима реклама за познатиот пијалок „7up“ во Лондон

Редакција