еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Голема наградна игра на Веро – пежо 208 за најсреќниот потрошувач

Веро организира голема наградна игра со многу вредни награди за своите потрошувачи во која најсреќните двајца ќе освојат автомобил „пежо 208“ и скутер Hamachi il bello 50.

Наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“ почнува од утре (15 јуни) и ќе трае до 31 јули, а во неа може да учествуваат сите потрошувачи на Веро кои направиле сметка поголема од 300 денари купувајќи од промотивните производи во маркетите.

Покрај двете главни награди, Веро секоја недела ќе доделува и тротинет, велосипеди, вредни часовници и голем број вредносни ваучери.

За секоја сметка над 300 денари од означените промотивни производи, потрошувачите добиваат купон за учество во наградната игра.

Купоните се пополнуваат со лични податоци и се оставаат во специјално означени кутии поставени во секој Веро маркет, со што учествуваат во извлекувањето за неделните награди. 

Секоја недела Веро ќе доделува по еден тротинет, два велосипеда, 5 часовници Casio и по пет вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари.

Сите неизвлечени купони учествуваат во извлекувањето за двете главни награди што ќе се одржи на 1 август.

– Наградната игра ja организираме за да им се заблагодариме на потрошувачите за долгогодишната доверба и лојалност кон Веро. Нашите потрошувачи имаат изострен вкус и секогаш го очекуваат најдоброто, така што се потрудивме со богатиот фонд на награди да ги исполниме нивните очекувања. Им посакуваме среќа на сите учесници во наградната игра, велат од менаџментот на Веро.

Неделните извлекувања на наградите ќе се одржат на 27 јуни, 4 јули, 11 јули, 18 јули и 25 јули. Имињата на добитниците на неделните награди, како и на добитниците на двете главни награди ќе бидат објавени на интернет-страницата на Веро www.vero.com.mk.

Наградите ќе може да се подигнат само со приложување на фискалната сметка со која потрошувачите учествувале во наградната игра.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Петровец се вклучува во „Крени глас против врсничко насилство” на „Макпетрол”

Редакција

Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Редакција

(Фото) Леонардо ди Каприо сподели фотографија од македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски направена во Скопје

Редакција