еМагазин
Image default
Македонија

Големо жариште на корона вирусот е Скопје и делумно Тетово, другите региони се стабилни

Големо жариште во државата е Скопје, односно неколку скопски населби. Интензивно се работи на идентификација на контактите, со вообичаените пречки со кои епидемиолозите се соочуваат, практично секојдневно. Интензивно се работи во однос на идентификување на контактите кои треба да се тестираат и другите кои треба да се стават во изолација, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во однос на епидемиолошката крива денеска разговарале на состанокот на Комисијата за заразни болести.

– Сите други градови и региони освен Скопје и делумно Тетово се стабилни, а на тоа укажуваат и спорадичниот број случаи, и веќе идентификуваните контакти од каде новите случаи потекнуваат, додаде Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавно ќе се објавуваат имињата само на лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за изолација

Нови 193 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 140

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Редакција

Захариева: Софија нема да подлегне на притисокот од Скопје, нема договор за историјата

Редакција

Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19

Редакција