еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Горан Милевски реизбран за лидер на ЛДП, порача дека нема да го подржи предлог законот за амнестија

Либерално-демократската партија денеска на седмото Изборно собрание го резибра Горан Милевски за нејзин лидер, кој порача дека најверојатно нема да го поддржи предлог-законот за амнестија, со кој треба да бидат опфатени обвинетите од настаните во Собранието од 27 април минатата година и да се намалат казните на дел од нив.

Лидерот на ЛДП, која е коалициски партнер на СДСМ, вечерва истакна дека најдобро е прво да се донесе пресуда за случајот, а потоа да се разгледува можноста за амнестија.

Тој нагласи дека е лошо законодавната и извршната власт да се мешаат во работата на судовите и истакна дека најверојатно нема да гласа за предлог-законот за амнестија.

-Мислам дека треба прво судот да си го каже своето, да видиме кој е виновен а кој не е, па дури потоа политичарите да размислуваат дали е неопходно дали е потребно да му се даде помилување од претседателот или амнестија од парламентот. Генерално е лошо кога законодавната или извршната власт се мешаат во судската власт. Да го видиме прво законот, но јас лично мислам дека не би го поддржал, изјави Милевски, кој вели дека не го видел законот.

МИА/Фото: Фејсбук/Милевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никица Корубин од ЛДП ќе делува како независен пратеник

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Редакција

ММФ годинава предвидува пад на македонскиот БДП од 5,4% и раст од 5,5% во 2021

Редакција

Каков имот пријавил судијата Јово Вангеловски

Редакција