еМагазин
Image default
Бизнис

Горан Трајковски предложен за нов член на УО на Еуростандард банка

Горан Трајковски е предложен за нов член на Управниот одбор (УО) на Еуростандард банка АД Скопје по препорака на Надзорниот одбор на банката. Процедурата за именување на Трајковски како член на УО на банката е во тек, информираат од Еуростандард банка.

Оттаму соопштуваат дека Зоран Николовски, долгогодишен член на Управниот одбор на банката, поради приватни причини се повлекува од функцијата член на Управниот одбор. Својата експертиза, Николовски ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор на Еуростандард банка.

Николче Петкоски останува на функцијата претседател на УО на Еуростандард банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горан Трајковски си даде оставка од директорското место во ДЗЛП

Фото: УЈП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М-НАВ потпиша договор за набавка на најсовремен систем за контрола на летање

Редакција

Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Пад од 8%: Компаниите кои котираат на Македонската берза за шест месеци оствариле промет од 87 милиони евра

Редакција