еМагазин
Image default
Локално

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско на тешко пристапен терен

Екипите на кумановската подружница на „Македонски Шуми“, утрово со две екипи на вработени се обидуваат да го локализираат пожарот што избувна вчера попладне во липковско, кај селата Руница, Думановце, Белановце и Брест. Во пожарот зафатени се стрништа и нискостеблеста шума.

„Теренот е тешко пристапен, се обидуваме да го локализираме пожарот. Известени се и надлежните служби“, изјави директорот на кумановската подружница, Луан Бајрами. Вчера, интервенирала и екипа на противпожарната единица со цистерна.

Вчера гореше и сува трева во село Сув Ора, информираа денеска од РЦУК Куманово. Оттаму додаваат дека интервенирале екипа на кумановската противпожарна единица и на шумското стопанство. И таму гори нискостеблеста шума, а теренот е непристапен. Пожарот се уште е активен, се наведува во соопштението на РЦУК Куманово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Излетал од пат бегајќи од полицијата со камион полн со 81 мигрант

Никола Осило

Детали за трагичната сообраќајка кај Драчево: „Реното“ удрило во камион за отпад

Никола Осило

И тоа се случи: Влетале со автомобил во неготинскиот пазар и оштетиле тезги 

Редакција