еМагазин
Image default
Локално

Гори приемното одделение во затворот Идризово

Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, потврди за МИА директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ.

Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.

Лицата од приемното одделение во моментот безбедно се префрлени во други простории.

Бригадата за протипожарна единица на Град Скопје интервенира со неколку возила.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопружници од Кратово пронајдени починати без траги на насилство

Редакција

Малолетно девојче се удави во базен во прилепското село Дебреште

Редакција

Заработија кривични пријави откако и отвориле лажен фејсбук-профил на охриѓанка

Редакција