еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата и понатаму поевтинуваат, цената се намалува за половина до 1,5 денари по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат од половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар за литар. Цената на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 48 денари за литар, а за „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 50 денари.

„Еуродизел“ поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 45 денари, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 денари.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка: Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5%

Редакција

Голем пораст: Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција

Висококвалитетните премиум вина од „Стоби“ освојуваат три континенти

Редакција