еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат до денар и половина

Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

Според одлуката, за еден денар се намалува цената на „еуросупер БС 98“, додека за денар и половина поевтинуваат „еуросупер БС 95“, еуродизелот и екстра-лесното масло за домаќинство.

Новата цена на „еуросупер БС 95“ ќе изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер БС 98“ ќе се продава по 72 денара за литар, „еуродизелот“ по 62,50 денари, екстра-лесното масло 52 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразително: Дневно од 300 до 500 граѓани од источна Македонија бараат информација за работа во Германија

Редакција

Поразително: Увезуваме 22 милиони литри вода, а извезуваме 3 милиони литри

Никола Осило

Звучни имиња на бизнисмени, фирми и претпријатија на новата листа должници на УЈП

Никола Осило