еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3,5 денари

Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од 1,5 до 3,5 денари.

Цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за 3,5 денари, „еуросупер БС-95“ се намалува за три денари, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар.

Новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе биде  73 денари, „еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 71,50 денари, а дизелот по цена од 67,50 денари по литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работеа Макпетрол и подружниците во првите шест месеци

Редакција

Град Скопје за шест месеци има приходи и други приливи од 3,1 милијарди денари

Редакција

Лани раст на прометот на Македонската берза и пад на бројот на трансакциите

Редакција