еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а „eуросупер БС-98“ за 71,50 денари за литар. Новата цена на дизелот од ноќеска на полноќ ќе изнесува 61,5 денари за литар, додека на екстра-лесното масло за домаќинство 51 денари за литар.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапува патувањето во Грција: Пуштена во употреба патарината кај Гевгелија

Редакција

Водостопанство склучи договор со МЗТ пумпи вреден 981 илјади евра

Редакција

Затворени шест угостителски објекти заради непочитување на протоколите за Ковид-19

Редакција