еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто.

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,5 денари.

Бензинот еуросупер БС-98, еуродизел (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за еден денар по литар.

Новата цена на еуросупер БС-98 изнесува 61,5 денари, еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 51, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 24,886 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемните референтни цени на бензинот за околу 8,254 отсто и на дизелот за околу 6,666 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,206 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјоделците го демантираат МЗШВ: Цената на пченицата максимум 8,5 денари

Редакција

Зголемен бројот на физички лица на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕСМ за набавка на нафтени деривати вреден 1,1 милион евра

Редакција