еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси донесе одлука за зголемување на цената на нафтените деривати во просек за 8,50 проценти од ноќеска на полноќ, информираат од таму.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за три денари за литар, со што новата цена ќе изнесува 57,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“, на еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2,50 денари по литар.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 59,50 денари за литар, на дизелот 49,50 денари за литар и екстра-лесното масло за домаќинство, изнесува 37,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стапува во сила руската забрана за увоз на праски од Македонија

Редакција

Алкалоид лани со раст на приходите за 4% и на добивката за 12%

Редакција

Владата одлучи: Продажба или јавно-приватно партнерство за ТЕЦ Неготино

Редакција