еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за денар и половина

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,23 отсто.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на „еуродизел“, се зголемуваат за еден денар по литар и ќе изнесуваат 58, односно 50 денари.

Цените на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,5 денар по литар и ќе се продаваат за 60,5 и за 39 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во мај најмногу пораснала цената на овошјето

Драстичен пад на извозот од 23,8% во првите четири месеци

Поради корона вирусот се зголеми побарувачката на велосипеди, а со тоа скокнаа и цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради штрајк: Железничкиот сообраќај втор ден во прекин

Редакција

„Тетекс“ со намалена добивка

Редакција

Тезгеџиите ќе мора да имаат легитимации за продажба на зелените пазари

Редакција