еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 изнесува 61 денар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 63, еуродизелот (ДЕ V) за 52,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за  0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Владата да ја ревидира одлуката, согласно законските прописи концесиите пак ќе мора да се спојат, вели Бектеши

Редакција

Приходите повисоки за 6,6 милиони: Од патарини лани собрани 53, 2 милиони евра

Редакција

Град Скопје склучи договор со Пошта, вреден 582,1 илјади евра

Редакција