еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат за половина денар

Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на горивата во просек од 0,84 проценти.

Цените на „еуросупер БС-95“, „еуросупер БС-98“, еуродизел и на екстра-лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за половина денар. Оттука, малопродажната цена за „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66 денари за литар, додека за „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 68 денари за литар, малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 58 денари за литар.

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за новиот директен лет од Скопје до островот Крф

Редакција

Граѓаните можат доброволно повратот од „МојДДВ“ да го донираат во буџетот за справување со корона вирусот

Редакција

Колку потрошиле владините функционери на кафани, телефон, авиобилети за шест месеци

Редакција