еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Господине Сулејман Реџепи, Алах не оправдува касапење на новинари

Додека цел свет бара правдина и санкции за Саудиска Арабија поради тоа што дозволила организирана група од петнаесетина лица, меѓу кои и разузнавачи блиски до принцот да го искасапат новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на земјата во Истанбул, поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) во Македонија Сулејман Реџепи се најде „паметен“ до саудиските власти да испрати писмо за поддршка само два дена пред Саудиска Арабија да признае дека новинарот Џамал Кашоги е убиен, откако претходно негираше какви била поврзаност со убиството.

„Ваша екселенцијо, деновиве доаѓаат информации дека вашата држава поминува тешки моменти од замките на злонамерните и љубоморните, сите се собрале за да и наштетат на Саудиска Арабија, но сето тоа е залудно, бидејќи вие го имате најдобриот заштитник, тоа е Алах, а за таа заштита немаме никакви сомнежи знаејќи дека вашата земја е извор на објавувањето Куранот и Сунетот на пророкот Мухамед. – Исламска верска заедница“, се вели во писмото.

Затоа, господинот Реџепи треба да одговори каде се замките, кои се злонамерниците и љубоморните во овој случај на брутално и громозорно убиство. Тој треба да одговори дали оправдува вакви убиства на новинари.

Попусти се оправдувањата на ИВЗ дека сакале да искажат поддршка и грижа за светите исламски места Мека и Медина, а не да завземаат било каков став во врска со убиството на новинарот.

Се поставува прашањето дали надлежните институции треба да реагираат на ваквиот чин на поглаварот на ИВЗ и во најмала рака да проверат од каде потекнува ваквата силна желба за поддршка за земја, од која во моментов цел свет се дистанцира поради очигледните средновековни методи на освета врз новинарот Кашоги.

Фото: Фејсбук/Реџепи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страв во очите на синот на Кашоги при средбата со принцот на Саудиска Арабија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во црвената категорија за патување на Кипар: Потребен ПЦР-тест пред и по пристигнувањето

Редакција

„Еси времено вработување“ го доби тендерот на Министерството за труд за привремени вработувања вреден 68.000 евра

Редакција

Нови правила за влез во Грција од утре: ПЦР-тестирањето за деца ќе почнува од 12-годишна возраст, а ќе се влегува и со брз антигенски тест

Редакција