еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Господине Сулејман Реџепи наместо закани од Вас се очекува помош

Контроверзниот реис на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи не престанува да ја изненадува јавноста со своите непромислени изјави каква што беше неодамнешната закана до Владата на Исламската верска заедница (ИВЗ) да ѝ го даде делот од помошта што ѝ следува, бидејќи во спротивно може да ги повлече апелите да не се посетуваат верските објекти.

„Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш“, рече Реџепи.

Во време кога Македонија се соочува со криза од невидени размери, првиот човек на ИВЗ си дозволи да користи закани за да добие државна помош, што е недозволиво од етички, морален и верски аспект.

Освен тоа, Реџепи би требало да знае дека доколку ја реализира заканата може да се соочи со кривична одговорност и затворска казна, бидејќи согласно македонските закони постојат санкции за намерно изложување на населението на зараза при епидемија односно за загрозување на здравјето на граѓаните.

Истовремено, како една од инстиутциите на поголемите верски заедници во земјава, ИВЗ, исто како и МПЦ треба да најдат сили и да понудат помош за справување со кризата со оглед на тоа што станува збор за правни лица кои располагаат со имоти тешки милиони евра.

Нели, милосрдието и помошта кон немоќните треба да се одлика на религиските организации кога на верниците тоа им е најпотребно.

Затоа наместо закани, понудете рака и помош за најсиромашните полесно да ја пребродат кризата предизвикана од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Скандалозна изјава на поглаварот на ИВЗ, Реџепи за судијка, за која доби аплауз: Не ја жалам, таквите нека починат

ИВЗ и Сулејман Реџепи и се заканувале на Владата

Господине Сулејман Реџепи, Алах не оправдува касапење на новинари

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.409 случаи на Ковид-19 од 3.824 тестови, 206 се реинфекции

Редакција

МАПАС распиша тендер за набавка на две лимузини на лизинг

Редакција

Починаа уште 15 лица од Ковид-19, меѓу нив гостиварец на 33 години

Редакција