еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец ранет во стомак, осомничениот приведен

Дваесет и петгодишен гостиварец завршил на скопските клиники откако бил застрелан во стомакот. Полицијата привела едно лице кое се сомничи дека го го ранило момчето.

Според МВР настанот се случил вчера на локалниот пат за село Нистрово-мавровско на местот викано „Ќумурана“. При расправијата, К.У.(51) од Гостивар, со еден куршум  од пиштол го погодил Е.М.(24) од с.Здуње во пределот  на стомакот, по што го напуштил местото на настанот.

Повредениот бил пренесен во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредата бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По превземени мерки од страна на полициски службеници осомничениот бил затекнат како управува патничко моторно возило „Фиат Панда“ со италијански национални ознаки по што бил запрен. Во возилото бил пронајден пиштол „ЦЗ“ калибар 7.62 мм, за кој немал.

Од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид. К.У. е приведен и задржан, а се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три жени пријавиле сограѓанин за силување на нивните малолетни ќерки

Редакција

28-годишно момче починало од струен удар во објект во Маркова Сушица

Редакција

(Вознемирувачко видео) Автобус полн со деца за на екскурзија удри коњ во Струмичко

Редакција