еМагазин
БЕСПАРИЦА

Граѓаните чии сметки за струја не одговараат со потрошувачката, да се обратат до ЕВН

Граѓанитете чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корeгирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од таму.

„Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН.

Доколку добиената сметка отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија.

Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на струја, во висока и ниска тарифа, потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува, со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ додаваат дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата за заштита од ширење на корона вирусот, дел од компаниите врз коишто имаат надлежност ги дигитализирале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре нула проценти ДДВ за основните производи за исхрана

Редакција

Намален бројот на работници во индустријата

Редакција

Ви се работи професионално во САД? PassRight ќе ви ја плати работната виза O-1

Редакција