еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните „чуваат“ 1,2 милијарди евра во Комерцијална банка

Вкупните депозити на домаќинства кај Комерцијална банка во минатата година достигнаа износ од 78,3 милијарди денари денари или околу 1,2 милијарди евра, што е зголемување во однос на претходната година за околу 6 милијарди денари, или за 8,4%, покажуваат податоците презентирани во годишниот извештај на банката објавен преку Македонската берза.

„Во извештајниот период бројот на новоотворени денарски книшки изнесува 5.538 и бележи намалување во однос на истиот период минатата година кога биле отворени 6.174 книшки.

Бројот на новоотворени девизни книшки и сметки (збирно на резиденти и нерезиденти) изнесува 10.185 наспроти 12.051 новоотворени книшки и сметки во истиот период минатата година“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акциите на Комерцијална, Алкалоид и Макпетрол „убедливо“ најтргувани на Македонската берза

„Адора Инженеринг“ ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Комерцијална банка како агенција за недвижнини: Преземен имот вреден милиони евра

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОДВ Електрик го шири производството во Македонија, нови 90 вработувања и инвестиција од 4,2 милиони евра

Редакција

Од „Македонијалек“ ќе се бара максимална казна од 70 илјади евра за техничката грешка со декларацијата на МРП вакцините

Редакција

Значително зголемена добивката на „Прилепска пиварница“

Редакција