еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните ги изненадија банките: Намалена побарувачката за потрошувачки и станбени кредити

Во првите три месеци од 2019 година банките укажуваат на нето намалување на побарувачката на кредити кај секторот „домаќинства“, за разлика од малото нето-зголемување во претходната анкета, соопшти Народната банка.

„Притоа, кај сите типови кредити за домаќинствата се забележува нето-намалување на побарувачката. Нето-намалувањето на побарувачката на кредити кај секторот „домаќинства“ во првиот квартал е спротивно на очекувањата на банките за умерено зголемување на побарувачката, дадени во претходната анкета.

За вториот квартал од 2019 година, банките очекуваат посилно нето-зголемување на побарувачката на станбени и потрошувачки кредити“, соопшти НБ.

Што се однесува на факторите коишто делуваат врз побарувачката на станбените кредити, перспективите на пазарот за станбена изградба, довербата на потрошувачите, трошоците на потрошувачите коишто не се поврзани за домувањето и заштедите на домаќинства и понатаму придонесуваат за стимулирање на кредитната побарувачка, малку послабо во споредба со претходната анкета.

Кредитите од останатите банки и останатите извори на финансирање и понатаму предизвикуваат намалување на побарувачката на станбени кредити.

Од аспект на факторите коишто делуваат на побарувачката на потрошувачки кредити, довербата на потрошувачите е единствениот фактор којшто ја поттикнува побарувачката, додека трошоците за трајни добра (автомобили, мебел и сл.), заштедите на домаќинствата, кредитите од останатите банки и останатите извори на финансирање предизвикуваат намалување на побарувачката на потрошувачките кредити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железницата извиси за локомотивите од Кина: Владата бара арбитража

Редакција

Поради корона вирусот се замрзнуваат стечајните постапки

Редакција

Какви понуди и промоции да очекуваат корисниците од А1

Редакција