еМагазин
Image default
Бизнис

Граѓаните и фирмите чуваат милијарда евра во НЛБ Банка

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) во првите три месеци од годинава се намалени за 1.209.375.000 денари или за 1,8% и изнесуваат 66.848.392.000 денари (околу милијарда евра), соопшти банката преку Македонската берза. Во однос на планот за периодот се пониски за 1,7%.

Обврски по кредити се намалени за 61.951.000 денари или за 6,3%. Во однос на планот за периодот се пониски за 11,8%.  Кредитите и побарувањата од банки бележат зголемување од 841.660.000 денари како резултат на зголемени краткорочни депозити во странска валута и се повисоки во однос на планот.

„Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 50.956.978.000 денари и бележат намалување од 1,0% во однос на 31.12.2018. Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 3,3%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка ги надминува плановите: За три месеци добивка од 6,6 милиони евра

Петер Зелен си заминува од НЛБ Банка

НЛБ банка оствари добивка од 34 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бруто надворешниот долг на Македонија достигна 8,4 милијарди евра

Редакција

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Редакција

Просечната плата во мај изнесувала 28.721 денари

Редакција