еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Граѓаните протестираа против загадениот воздух: „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“

„Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“ и „Ставете налепници на тешката индустрија“, се само некои од транспарентите што можеа да се видат на денешниот мирен протест во Скопје поради загадувањето.

Протестот го организираше иницијативата „Канцерогено општество“, а почна околу 13 часот пред Собранието на РМ. По околу 40 минути граѓаните се упатија кон Владата каде ги искажаа своите барања.

-Владата и институциите да престанат со т.н. решенија против загадениот воздух кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени, порачаа активистите.

Воедно побараа свикување итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот и вклучување експерти за решавање на проблемот.

Како што рече Кристијан Узунов од иницијативата „Канцерогено општество“, еден од најголемите причинители за рана смрт е дишење неквалитетен воздух, а јавни дебати околу квалитетот на воздухот во Македонија скоро и нема.

-Бараме Владата да ги употреби сите средства за справување со овој проблем и претставници од граѓанскиот сектор да се вклучат во надлежните контроли за големите загадувачи, истакна Узунов и додаде дека никој не смее да си игра со нашето здравје.

Според Давор Врговиќ, исто така активист во „Канцерогено општество“, барањата на граѓаните треба да се надополнат и подобрат од страна на експерти.

-Очекуваме некој од Владата да не прими и да не сослуша. Останува да видиме како ќе одговорат на нашите барања. Потоа, дополнително ќе утврдиме како би дејствувале понатаму, изјави Врговиќ за МИА.

Протестот беше закажан и на социјалните мрежи под слоганот „Мртво општество, не!!!“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најиновативните светски технологии за прочистување на воздух и вода изложени во новата концепт-продавница на „Екотип“

Редакција

Од утре прeстанува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз

Редакција

Колку граѓани во Македонија од 2012 до 2021 починале поради загадување на воздухот

Редакција