еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓански организации: Предлог-законот за Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување

Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион отвора простор за носење штетни одлуки и понатамошно уништување на единственото УНЕСКО подрачје во земјата, реагираат неколку граѓански организации.

“Им укажуваме на предлагачите на Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Предлог-законот), акој требаше да влезе во собраниска процедура оваа недела, дека текстот на Предлог-законот не е ист со оној кој беше дискутиран на јавната расправа на крајот на 2018 година и презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Баку.

Предлагачите во него додале член со кој уредува примена на т.н. Бадентеровото мнозинство (односно двојно мнозинство) при носење напрепораките и мислењата на Советот за Охридскиот регион (Советот).

Сметаме дека ваквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип на донесување одлуки се воспостави за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните.

Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки!

Имено, во членот 8, став 15 од Предлог – законот уредено едека членовите се бираат според нивната функција, односно позиција во одредена релевантна институција, а не согласно принципот на Бадентер, од што произлегува дека не мора да значи дека нејзиниот состав ќе ја одразува етничката структура на државата.

Воедно сметаме дека ваквото законско решение ќе создаде простор за локални моќници директно да влијаат на сите препораки, предлози и мислења што ќе ги носи овој Совет и повторно ќе се реализираатштетни инфраструктурни проекти, а кои ќе значат понатамошно уништување на Охридскиот регион и со сигурност ќе бидат причина за губење на статусот на УНЕСКО во 2020 година.

Затоа:

– бараме од Министерството за култура, како предлагач на Предлог-законот до Собранието на РСМ да го достави текстот на Предлог-законот кој беше предмет на јавна расправа и кој беше презентиран на последниот комитет на УНЕСКО во Бакуво јуни 2019 година.

–Бараме од Собранието на РСМ во прво читање да расправа по текстот на Предлог-законот од ноември 2018 година, кој беше консултиран со засегнатите страни и јавноста и кој беше доставен до Комитетот на УНЕСКО во Баку во јуни 2019 година.

–Бараме од Владата на РСМ да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство и сериозно и доследно да се заложи за  спроведување назаконските и подзаконските акти донесени во оваа држава, почнувајќи со Уставот на РСМ, а кои посебно влијаат на природнотото и културното наследство“, стои во реакцијата зад која стојат Центар за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ Скопје, Движење за околината Молика – ДОМ Битола, EcoGuerila Тетово, Еко Живот Кавадарци, Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга, Фронт 21/42 Скопје, Центар за климатски промени Гевгелија, Граѓанска иницијатива Охрид SOS, Еко ЛОГИК Скопје, Анима Мунди Скопје.

Реакцијата е поддржана и од Блупринтгрупата за правосудство: Хелсиншки Комитет, Фондација Отворено општество – Македонија, Институт за европски политики ЕПИ, Здружение на млади правници, Коалиција сите за правично судење, Институт за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Струшкиот градоначалник отворил дивоградба. Требаше и од УНЕСКО преставник да викнат, грешка во протокол“: Твитер реакции

Во Охрид наместо со уривање на дивоградбите, спроведувањето на препораките на УНЕСКО, ќе почне со регулирање на сообраќајот во Стариот град

„Март: Пошто го губиме статусот на УНЕСКО, притвор за Миле Јанакиески„: Твитер реакции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го преземе ли Фатмир Етеми управувањето со „Скопски пазар“?

Редакција

Ескобар доаѓа утре во Македонија за уставните измени

Редакција

Каков имот пријавил министер за земјоделство, Арјанит Хоџа

Редакција