еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Граѓанските здруженија бараат од Заев и Пендаровски армијата и полицијата да се вклучат во борбата против загадувањето

Граѓанските еколошки здруженија упатија отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во кое бараат армијата и полицијата да се вклучат во борбата против загадувањето

„Согласно вашите законски надлежности како претседател и врховен командант на вооружените сили, и како претседател на Влада, бараме да активирате припадници на Армијата и полицијата со цел да се заштити правото на граѓаните на здрава животна средина, согласно Член 43 од Уставот, и да се одржи јавниот ред и мир во општеството, согласно Член 3, Член 5 и Член 14 од Законот за полиција.

Имено, секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните.

За таа цел, бараме припадници на Армијата и полицијата – во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, Општинските штабови за заштита и спасување, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот комунален инспекторат, Инспекторат на Град Скопје и инспекторатите на општините – активно да се вклучат во следните активности:

Да се организираат секојдневни патроли на припадници на Армијата и полицијата на терен со цел да се превенира и санкционира палење огнови на отворено, пред сè палење на отпад и диви депонии.

– Да се организираат ноќни дежурства на припадници на Армијата и полицијата со помош на припадници на ДЗС и РЦУК и општинските штабови за ЗиС на критични точки во Градот Скопје и низ Републиката, кои се најфреквентни места за палење на огнови на отворено.

– Да се едуцираат граѓаните на терен за штетните последици од палењето на огнови и отпад на отворено, од здравствен аспект.

-Да се организираат редовни патроли на припадници на Армијата во национални паркови и планински предели кои се најфреквентни и најподложни на пожар.

Сметаме дека Армијата и полицијата можат и мораат активно да се вклучат во заштита на своите граѓани, нивното здравје и живот, на животната средина и со своето присуство на терен да делуваат согласно законските ингеренции, со цел да се спречат вакви појави“, се вели во писмото на граѓанските организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добредојдовте во Македонија, земјата во која загадуваат и болниците

И македонската економија губи од загадувањето

Нема ЕУ со загаден воздух

Фото: Фејсбук/Не биди ѓубре

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кипар е нова хит дестинација за летово: Чартер летови Скопје-Ларнака

Редакција

(Фото) По две години пауза поради Ковид-19, повторно „Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“

Редакција

Eau roma water – тоник за лице од Lush: Смирувачки тоник за зрела, сува и/или чувствителна кожа

Редакција