еМагазин
Image default
Локално

Град Скопје ќе ги блокира сметките на граѓаните и фирмите-должници за 2018 година

Град Скопје ги информира граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2018 годинa.

По доставување опомени, како што се наведува во соопштението, следувало изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на Град Скопје.

„Доколку по ваквите решенија обврзниците не постапат заклучно со 15 ноември 2019 година, Град Скопје ќе почне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки“, информираат од градот.

Градските власти им укажуваат на сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови да ги подмират.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не може да се справи со обични комарци, не пак да изгради некој проект

Редакција

Двајца скопјани физички се пресметале пред кафана поради меѓусебно нетрпение

Редакција

Кумановчанка пријавена за исчезната не кажала дека ќе патува за Хрватска

Редакција