еМагазин
Image default
Македонија

Откако беа оштетени таблите: Спомениците во Скопје ќе бидат под засилен надзор

Град Скопје кој е надлежен за поставувањето и одржувањето на новопоставените ознаки на спомениците во централното градско подрачје, ќе го засили надзорот за во иднина да се спречи нивно оштетување.

За демолирањето на дел од ознаките што беше направено изминатата ноќ, градските власти велат дека немаат сознанија кој го сторил тоа и поради тоа не можат да бидат изречени санкции.

„Поради зачестената појава на оштетување, Град Скопје во рамките на своите надлежности во наредниот период ќе го засили надзорот врз спомениците, а тие ќе бидат и под засилени инспекциски контроли“, информираат од Град Скопје.

Градските власти најавија дека ќе ги санираат оштетените делови на спомениците, а ознаките онаму каде што се отстранети ќе бидат повторно поставени.

Од Град Скопје апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците.

Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска беше извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена.

Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Таблата на споменикот на Филип Втори украдена, на Олимпија оштетна, на Александар Велики, демолирана, па повторно вратена

„Ги отстранија сонцата од шахтите и одма се промени времето“: Твитер за таблите на спомениците на Александар Велики, Олимпија, Филип Втори…

Се брза со реализација на Преспанскиот договор: Како гласи новата ознака на споменикот на Александар Македонски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружението „Цар Борис Трети“ поднело барање за промена на името, “Ванчо Михајлов“ не

Редакција

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

Редакција

Починаа 15 лица од Ковид-19, најголем број од Прилеп

Редакција