еМагазин
Image default
Бизнис

Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година чија вредност изнесува 97 милиони евра што е 17 милиони евра, односно за 21 проценти повеќе од 2017 година.

Базата содржи податоци за сите 3.898 договори за јавни набавки што локалните власти ги склучиле со 1.331 фирма.

„На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42 проценти, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра.

Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини“, се вели во анализата.

По две години намалување, вредноста на јавните набавки на локалните власти во 2018 година е зголемена за 17 милиони евра, односно за 21% во однос на претходната година.

Двете општини кои претходно биле на четвртото и петтото место – Битола и Тетово – паднале на 14-то и 20-то место според вредноста на јавните набавки. И кај двете вредноста на набавките се преполовила во однос на претходната година. Битола од 4 милиони евра паднала на 2,2 милиони евра (-45%), а Тетово од 3,9 милиони евра на 1,7 милиони (-56%).

Ваков значаен пад има и кај Штип која од 2,8 милиони евра, во 2018 имала набавки од само 1,4 милиони евра со што од деветтото падна на 23-то место.

Спротивно, општини кои не биле, а влегле во првата десетка, со значен скок во вредноста на јавните набавки се: Струга (+162%), Гостивар (+90%) и Кавадарци (+57%).

На дното на табелата според вредноста на набавките се три мали општини, сите со набавки под 100.000 евра и тоа: Центар Жупа 96.045 евра), Ранковце (80.081 евра) и Зрновци (65.495 евра).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фабрика Карпош“ му го презеде приматот на „Пуцко Петрол“ според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичка „Атлантис“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на авио-билети и хотелско сместување вреден 57.000 евра

Редакција

Запленет, па вратен удел на ЗК Пелагонија во Пелагонија Енерџи

Редакција

Колкави биле трошоците на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Трајчевски за првата половина од годината

Редакција