еМагазин
Image default
Бизнис

Градежниците најавуваат отпуштања и пораст на цените

Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2018 година е помал за 0,2 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2018 година, а e ист во однос на истото тримесечје од 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

„Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се понеповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се намали.

Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата“, соопшти ДЗС.

Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.4 %, нема побарувачка со 20,3 %, конкуренција во сопствениот сектор со 13,8 % и недостиг на обучен кадар со 12,1 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трговците трупаат залихи и најавуваат отпуштања на работниците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепски Современ дом со намалена добивка

Редакција

Еуросупер БС-98 поевтинува за два денари, цените на другите нафтени деривати не се менуваат

Редакција

Историски ден: Почна со работа Македонската берза на електрична енергија

Редакција