еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалниците на Гази Баба и Вевчани ја деманитираат претседателката на Антикорупциска

Градоначалниците на Гази Баба и на Вевчани ја демантираат претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

“Како градоначалник на општина Гази Баба, носител на јавна функција целосно ја поддржувам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и немам никаква намера да се мешам во нивната работа, ниту пак да влијаам на нивните одлуки.

Во интерес на јавноста сакам да известам дека со моето стапување на должноста градоначалник, согласно законскиот рок до Антикорупциската комисија се навремено доставени и анкетниот лист и изјавата за интереси, како и дополната на анкетниот лист поради земен кредит и истата е уредно пријавена и архивирана од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Изјавата од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, со која изјавува дека јас сум еден од петтемина градоначалници кои не доставиле ниту изјава за интереси, ниту анкетен лист е целосно невистинита и очигледно станува збор за технички пропуст на комисијата.

Токму од таа причина поради тоа што јавно на прес конференција беа соопштени информации кои не се вистинити, преку кои бев лично деградиран, а со тоа и општината и функцијата која ја извршувам, барам јавно извинување од страна на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата“, вели Борис Георгиевски, градоначалникот на скопска Гази Баба.

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, исто така до медиумите испрати демант, како што пишува, на изнесените невистинити податоци од страна на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

„Од страна на претседателката на ДКСК, на прес конференција, беа изнесени неточни информации дека јас, Сашо Јанкоски, во својство на градоначалник на општина Вевчани, не сум доставил ниту анкетен лист, ниту изјава за интереси. Ова во целост го демантирам, бидејќи на ден 24.09.2018 година, истите сум ги испратил по пошта, а на 25.09.2018, истите, се примени и во ДКСК и во УЈП“, се наведува во демантот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска: Градоначалниците на Вевчани и Гази Баба доставиле изјави за интереси, но нецелосни

Шест градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, информираше Антикорупциска

Фото: Фејсбук/Ивановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Предлог за дефиниција на идентитетската припадност на Гоце Делечев нема, тврдењата на Милошоски груба шпекулација

Редакција

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција

Главната расправа за „Титаник“ одложена за 24 август, утре завршни зборови за „Тендери“

Редакција