еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убава вест: Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на корона вирусот, од утре почнува со работа

Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев добил два негативни резултати од тестирањата на корона вирусот, со што по двонеделната домашна изолација од утре ќе се врати на вообичаените работни активности.

„Денеска ги добив резултатите од двата теста направени во Институтот за јавно здравје, кои не покажуваат присуство на вирусот.

Во текот на изминатите две недели, додека бев во карантин, воопшто немав симптоми на Ковид-19, но се придржував кон мерките за заштита.

Исти се резултатите и кај мојата сопруга, поради што сметам дека непотребна беше целата паника и негативните ставови во јавноста за мене и за членовите на моето семејство“, вели Крстев.

На почетокот од овој месец, Крстев направи две тестирања во приватни клиники, откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани, кој почина на Клиниката за инфективни болести како последица од корона вирусот. Тогаш резултатите од тестирањата на градоначалникот беа позитивни.

Во меѓувреме, вработените во општинската администрација на Чешиново-Облешево, кои исто така беа во двонеделна домашна изолација, од почетокот на оваа недела постепено се враќаат на работните места, а општинските служби се комплетираат и нормално функционираат.

МИА/Фото: Фејсбук/Крстев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски заболен од корона вирусот

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 862 случаи на Ковид-19, во Скопје 390

Редакција

Мајка од Гостивар малолетните деца ги врзувала со самолеплива лента и ги оставала така со часови

Редакција

За владејачката „Демократска Бугарија“, францускиот предлог е исклучително добар за Бугарија

Редакција