еМагазин
Image default
Балкан

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Македонија

Ги молам и им препорачувам на моите сограѓани да го ограничат нивното движење кон Северна Македонија, вели градоначалникот на Лерин (Флорина), Василис Јанакис во неговата писмена изјава, додавајќи дека неслучајно Грција забранила влез за државјани од соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Јанакис истакнува дека „корона вирусот постои, не исчезна“, а опасноста од заразување „е видлива и секојдневна“.

-Не е воопшто случајно што Грција забрани влез во нашата земја за жителите на Северна Македонија, поради високата раширеност на корона вирусот во оваа земја.

Треба да го заштитиме сето она што го постигнавме со многу напор, жртвувајќи дел од нашите слободи за да бидеме здрави.

Ги молам и им препорачувам на моите сограѓани да го ограничат нивното движење кон оваа земја и кога е неопходно и излегуваат од нашата земја точно да се придржуваат до сите мерки за безбедност (дистанца, маска, ракавици, добро миење на рацете) за да не го увеземе коронавирусот, вели градоначалникот на Лерин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Во Грција се тестираат речиси сите туристи кои влегуваат преку Бугарија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

13 туристи во Грција позитивни на корона вирусот

Редакција

Бугарски историчари и филолози пред празна сала во Европарламентот ја претставуваа „Вистината за Македонија“

Редакција

Ципрас по оставката на Коѕијас: Грција нема да прифати прием на Македонија во ниедна меѓународна организација без уставни измени

Редакција