еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот Велковски: Во Свети Николе, нема заразени од Ковид-19, да не се шират лажни вести

Општина Свети Николе одлично се справува со пандемијата, досега во оваа Општина нема регистрирано ниту едно лице позитивно на коронавирусот, информираше денеска на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој апелира граѓаните да не шират лажни вести на социјалните мрежи

“Ве замолувам без ширење на лажни вести за можни лица заболени од коронавирусот. Не се потребни вакви вести во овој сензитивен период за сите нас. На територијата на општина Свети Николе не е регистрирано ниту едно лице заболено од Ковид -19“, пишува Велковски.

Тој посочува дека во моментот 27 лица се наоѓаат во самоизолација и истите се придржуваат на мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство.

За време на продолжениот викенд 43 лица не ја почитувале мерката за забрана на движење и против истите се поднесени кривични пријави согласно Кривичниот законик.

“Апелирам до сите граѓани, да ги почитуваат мерките и препораките за забрана на движење и превенциите за заштита и држење растојание од два метри“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Прилеп излекувани вкупно 7 пациенти

Општина Боговиње со најмногу, 24 заболени од коронавирусот во тетовскиот регион

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Фото: Фејсбук/Велковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) Расте интересот: За две недели повеќе од 100 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација

Редакција

Новопочинатиот пациент од коронавирусот од Лабуништа имал претходни заболувања

Редакција

Во Македонија нема случај со мајмунски сипаници, вели Сали

Редакција