еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Границата со Грција останува затворена до 15 јуни

Грчката влада одново да ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина.

До утре во 15 часот во сила е одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија, привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и забранет е влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

Во однос на тоа дали оваа мерка на грчката влада ќе биде продолжена, но и како ќе се одвива копнениот туризам во Грција, кој е важен дел не само за северниот дел на земјата, туку и за туристите од балканските земји и дали можеби ќе се бара посетителите пред патувањето да треба да имаат направено тест, портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека се ќе биде вклучено во владиниот план за туризмот што ќе се презентира во следните денови.

-Ќе постојат неопходните измени, за сите туристи, навремено да знаат што ќе се случи и каде смеат и каде не смеат да се движат, но што се однесува генерално на протоколите и што се однесува на прашањата во врска со планот за туризмот, ќе треба да почекате неколку денови за да имате целосни одговори, рече Пецас.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги отвара плажите во сабота: Ограничување од 40 лица на 1.000 квадрати

(ВИДЕО) Плажите во Грција преполни со луѓе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Студенти од неколку балкански земји демолирале хотел во Охрид

Редакција

(Видео) “Плацови на Водно„: 7 години затвор за Груевски, Мијалков доби 1 година и 3 месеци, а Камчев 1 година

Редакција

Швајцарија не сака да се откаже од рускиот гас

Редакција